Изгаснат пожарот во центарот на Скопје

Целосно е изгаснат пожарот кој утрово избувна во стан на улицата „Димитрија Чуповски“ бр.21, на 11. кат, до гимназијата „Јосип Броз Тито“ во центарот на СКопје.

Според информациите на МИА од Бригадата за противпожарна заштита, во гаснењето на пожарот учествувале над 20 пожарникари и девет против пожарни возила.

Противпожарните служби интервенирале во 11:40 часот, откако граѓани го пријавиле пожарот.

Се уште не се познати причините поради кои избувнал пожарот, ниту штетата која била предизвикана.

28.03.2014 - 13:12

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа