Голема хуманитарна акција - маскарада на СП во Тафталиџе

На 30 март во периодот помеѓу 12.00 и 14.00 часот на паркингот во СП Тафталиџе ќе се одржи голема хуманитарна парада на маски за децата од основните училишта во општина Карпош во организација на Скопски Пазар, Котиледон продукција и општина Карпош.

На настанот ќе бидат присутни повеќе од 600 дечиња, од кои 100 ќе се претстават со своите креативни изработки и ќе се натпреваруваат за 1, 2 и 3-то место во две категории. Децата кои ќе дојдат на овој настан ќе добијат пакетче со пригодни подароци, ќе имаат можност да се забавуваат со Ивце Пивце, а ќе биде организирана и лотарија во која ќе учествуваат сите присутни. Стручното жири кое ќе ги одбере најкреативните маски ќе додели вредни награди за најдобрите три маски во категоријата најдобра поединечна маска и три награди во категоријата најдобра групна маска.

„Ваквите настани се пример за начинот на којшто треба да соработуваат компаниите со локалната власт и образовните институции со цел да се поттикне креативноста кај децата и истовремено да се развива хуманоста од мали нозе со тоа што активно ќе се вклучуваат во активности кои допринесуваат за доброто на заедницата.“ – изјави Марија Тасиќ од одделот за маркетинг на Скопски Пазар.

За учество на овој настан учесниците плаќаа по 100 денари и средствата кои се собрани ќе одат за социјални намени во општината, односно ќе бидат доделени на социјално загрозените семејства на територија на општина Карпош. Покрај овие средства, Скопски Пазар во соработка со своите добавувачи дополнително обезбеди за овие семејства пакети со производи во вредност од неколку илјади евра. 

28.03.2014 - 11:58

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа