Ограбени четири цркви за само една ноќ - крадците пустошат низ Македонија
Крадците напаѓаат. За една ноќ, ограбени дури четири македонски цркви.
Како што информираат од полицијата, ноќта помеѓу 26 и 27 март, крадци опустошиле четири цркви во две охридски села.
Во охридско Куратица биле ограбени три цркви. Од Света Богородица украдени биле 1.700 денари, од Свети Димитрија и Свети Никола по 1000 денари.
Ограбена била и црквата Света Богородица во селото Завој, од каде биле украдени 3.000 денари.
Полицијата трага по арамиите.
28.03.2014 - 11:47
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа