Отворање на првиот археолошки парк во Македонија
Во организација на Здружението „Археологика“ денеска ќе се отвори првиот археолошки парк во Македонија. Проектот „Архео Парк Бразда“ се реализира со поддршка на АД ЕЛЕМ, од програмата за општествена одговорност. Архео Паркот се наоѓа во подножјето на Скопска Црна Гора, локалитет Градиште, село Бразда, општина Чучер-Сандево.
Предвидено е на отварањето да се обратат Радомир Ивановиќ од Здружението „Археологика“ и Горан Санев од Музеј на Македонија.
На отворањето на археолошки парк се очекува присуство на претставници од АД ЕЛЕМ, Министерството за култура, Управата за заштита на културното наследство, Музеј на Македонија, Музеј на град Скопје, Филозофскиот факултет.
ФОТО: Утрински