Хорор во Оклахома: Силно торнадо однесе 91 живот

 

Најмалку 91 лице загинаа во гоелмо торнадо што погоди јужното предградие на Оклахома Сити, Мур, јави Си-Ен-Ен.

Цели квартови на Мур, кое има население од околу 55.000 жители, се срамнети со земјата.

Над 230 лица се повредени, меѓу кои и 45 деца. Најмалку десетмина од повредените се во критична состојба.

Бурата директно погоди основно училиште во Мур, однесувајќи го покривот и уривајќи ѕидови. Неколку деца биле извадени живи од под урнатините.

Брзината на ветровите што го следеле торнадото достигнала 320 километри на час. Ширината на торнадото била 1,6 километри. Таква бтзина и обем достигнуваат само помалку од еден процент од торнадата. Најсилните ветрови, регистрирани на Земјата, се оние што го следат торнадото, при што апсолутен рекорд е 486 километри на час.

Американскиот претседател Барак Обама ја прогласи Оклахома  за зона на голема природна натастрофа. Цел на оваа мерка, како што соопшти Белата куќе, е федералната влада да може да укаже помош на тешко настраданите од торнадото.

Обама телефонски разговарал и со гувернерот на сојузната држава Оклахома, Мери Фалон, и и ја изразил својата загриженост. Демократот Обама ја информирал републиканката Фалон дека на својата администрација и наредил на настраданите да им ја прижи сета неопходна помош. 

најчитано сега