Седници на пет собраниски комисии

 

Во Собранието на Република Македонија денеска седници ќе одржат собраниските комисии за труд и социјална политика, за економски прашања, за транспорт, врски и екологија, за прашања на изборите и именувањата и Законодавно-правната комисија.

Комисијата за труд и социјална политика ќе ги разгледа Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за социјалната заштита и Предлог-законот за заштита од вознемирување на работно место, двата во второ читање.

На дневен ред на Комисија за економски прашања се предлог-законите за изменување и дополнување на законите за стечај, за енергетика и за надзор на пазарот, сите во второ читање.

Членовите на Комисијата за транспорт, врски и екологија ќе расправаат за Предлог-законот за дополнување на Законот за прогласување на Преспанското Езеро за споменик на природата и Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за градење, и двата во второ читање. На седницата на Комисијата треба да биде разгледана и Измената на Годишната програма за работа на Агенцијата за електронски комуникации за 2013 година.

Комисијата за прашања на изборите и именувањата ќе треба да утврди повеќе предлог-одлуки, како изменување на Одлуката за избор на претседатели, заменици на претседателите, членови и нивни заменици на комисиите на Собранието на Република Македонија...

На дневен ред на Законодавно-правната комисија се повеќе предлог-закони во второ читање, како прибавување и размена на докази и податоци по службена должност.

најчитано сега