Канадскиот рај на Земјата повикува: Имаме потреба од над 100.000 нови работници

Канадскиот рај на земјата има потреба од 100.000 работници. Станува збор за кандаската провинција Алберта во која се наоѓаат најголемите наоѓалишта на нафта и каде стапката на невработеност изнесува само 4,6%.
Алберта е најбрзо растечката економија во Канада. Само во 2013 година во оваа провинција дошле над 100.000 луѓе а половина од вкупниот број на работни места во Канада, лани отворени се токму во овој регион. Проекциите се дека во наредните десет години, во Албета ќе се отвроат над 400.000 работни места, а Канаѓаните не се подготвени да пополнат повеќе од 75% од нив.
Провинцијата е свесна дека за развој на економијата има потреба од работници од странство па има своја прорама со која ги повикува способните работници да се преселат во овај регион, каде според канадската статистика луѓето заработуваат најголеми дневници во целата земја.
Сепак, во Канада не е лесно да се замине, а и за да се добијат сите документи потребно е да се исполнат голем број услови, меѓу кои главниот е да се зборува англиски и/или француски јазик.
Повеќе детали може да се најдат на овој линк

23.06.2014 - 15:34

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега