Направила хумано дело за болната другарка но ја избркале од училиште

 

11-годишната Камрин за да и покаже на својата пријателка Делејни Клеменс дека не е сама, одлучила да ја истриже својата коса а во тоа ја поддржале и родителите.

 

Косата на Делејни почнала да паѓа од хемотерапијата и сега е сосема ќелава.

- Го направив тоа за Делејни да не се чувствува запоставено. Мислев дека мојата одлука е во ред, изјавила Камрин за Си- Би- Ес.

Раководителите на училиштето не се согласувале со неа. Девојчето било суспендирано врз основа на тоа дека ги „прекршило правилата”.

Оваа трогателна приказна за овие дргарки почнала да се шири на социјалните мрежи и интернет корисниците ја осудија одлуката на училиштето. Па за брзо време на родителите на Камрин им е кажано дека е направен исклучок и дека нивната ќерка може да се врати во училиште.

- Другите деца ме нарекуваа момче иако бев облечена во розово. Мило ми е што Кармин ме поддржува и што е толку храбра, бидејќи се помалку ме задеваат, изјавила Делејни.

27.03.2014 - 12:38

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега