Росоман ја доби првата градинка

Општина Росоман ја доби првата градинка за згрижување на најмладите жители. Со отворање на новоизградената градинка, според директорката Радмила Делова е задоволена една голема потреба на жителите во оваа Општина.

- Во градинката се сместени 73 дечиња во три групи. Објектот изграден по сите стандарди се наоѓа во центарот на Росоман близу основното училиште. Инвестицијата е на Министерството за труд и социјална политика но со свој удел учествуваше и локалната самоуправа. Овде се вработени 12 лица, појаснува директорката Радмила Делова.

27.03.2014 - 12:17
Фото: 
кафепауза.мк

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега