Девојката на Мик Џегер му оставила 9 милиони долари

49-годишната дизајнерка Лорен Скот, или девојката на Мик Џегер којa се самоуби, го препишала целиот имот на својот партнер.

Во тестаментот на Скот стои дека Џегер наследува накит, автомобили, мебел и други предмети во вкупна вредност од околу 1 милион долари. Џегер го добива и станот на неговата девојка во Њујорк, проценет на 8 милиони долари.

Таа нагласува дека на братот и сестрата не остава ниту денар. Според законите на државата Њујорк, во отсуство на тестамент имотот на починатиот се дели меѓу роднините.

За потсетување Скот беше пронајдена обесена на шамија во њујоршкото живеалиште. Според основната хипотеза дизајнерката се самоубила поради долгови од 6 милиони долари. Што е доста чудно, со оглед на 9-те милиони кои таа ги остава на Џегер, чија лична состојба е 305 милиони долари.

27.03.2014 - 12:02

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега