Од недела повеќе летови со летниот ред на летање

Со летниот ред на летање што треба да стапи во сила оваа недела Агенцијата за цивилно воздухопловство одобри  141 лет неделно, за 16 повеќе во однос на летната сезона во 2013, изјави за МИА директорот на АВЦ Дејан Мојсовски.

Нова авиокомпанија  со одобрение  од АЦВ е „Ал Италија“ која ќе оперира од мај со седум лета неделно на релацијата Скопје-Рим.

Од аеродормите  „Александар Велики“ во Скопје и „Апостол Павле“ во Охрид, во редовниот сообраќај ќе бидат вклучени 14 авиопревозници, со директни авиоврски со 25 дестинации (Виена, Белград, Загреб, Истанбул, Љубљана, Цирих, Лондон, Малме, Гетенбург, Ајнхомен, Дортмунд, Мемингем, Базел, Венеција, Стокхолм, Брисел, Париз, Келн, МИлано, Франкфурт, Рим, Берлин,Брисел, Цирих и Дубаи).

Најголем пораст, за 18 лета повеќе, во однос на летото во 2013, има  авиокомпанијата „Визер“, на релациите Скопје – Брисел, Париз – Скопје, Келн – Скопје, Франкфурт - Скопје и Милано – Скопје. „Германија флугеселшафт“ ќе има два лета повеќе во однос на минатата сезона на релацијата Скопје – Берлин. И „Џетерфлај“ има еден лет повеќе, односно ќе лета четирипати на релациите Брисел – Скопје, Скопје-Брисел, Брисел-Охрид и Охрид Брисел, информира Мојсоски. 

АЦВ ги одобри и  летовите во нередовниот воздушен превоз, но за нив бројката не е конечна. Според досега издадените решенија, од 10 јуни до 25 октомври годинава се предвидени по седум чартер лета неделно на релацијата Анталија – Скопје, двапати неделно Бодрум – Скопје од 27 јуни до 10 октомври, Дизелдорф - Скопје исто така двапати неделно  од 2 април и до 25 октомври, како и по еден лет Амстердам – Охрид од 12 мај до 29 септември и Анталија – Скопје и Анталија – Охрид.

Заклучно со февруари годинава операциите во воздушниот сообраќај  од македонските аеродроми бележат раст за 7,9 проценти. Кај скопскиот аеродором зголемувањето е за 8,5 проценти, а кај охридскиот има намалување за 15,9 проценти.

26.03.2014 - 15:10

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега