Лазаров ќе отсуствува од подготовките на селекцијата во Охрид

Нашиот најдобар ракометар и капитен, Кирил Лазаров нема да во составот на сениорскиот тим кој од 1 до 6 април ќе престојува во Охрид во рамки на подоготовките на репрезентацијата. За ваквата ситуација, Лазаров го извести селекторот Ивица Обрван, објаснувајќи дека сака да биде што подобро подготвен за остатокот од сезоната. 

 

„Ве известувам дека по консултациите со лекарскиот тим на мојот клуб Барселона нема да можам да бидам во можност да бидам присутен на собирот на машката ракометна репрезентација. Времето ќе го искористам за тотална рехабилитација за да би можел да одговорам 100 отсто на обврските во останатиот дел од напорната сезона, напиша Крил Лазаров во писмото упатено во РФМ

26.03.2014 - 14:55

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега