Еве колку ќе чинат картите за концертот на легендарниот Здравко Чолиќ во Скопје
На најавениот спектакуларен концерт на легендата Здравко Чолиќ во СКопје, ќе може да уживате за 800-1000 денари.
Организаторот на концертот ТА Гуливер Милс открива дека со секоја купена влезница следува изненадување - новиот албум на Чола “Ватра и барут”, а влезниците ќе бидат по цена од 800 денари за стоење и 1.000 денари за седење.
Карта за спектаклот може да набавите во Розе-Веро 2, Камарад - Рамстор, Југотон, Тобако - Сити Мол и преку продажната мрежа мктикетс.
26.03.2014 - 14:37
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа