Падна договор на Бихаќка - кој ќе биде нов лидер на СДСМ?

 

Зоран Заев сигурно влгува во претседателската трка на Бихаќка, објавува Утрински весник повикувајќи се партики извори. Струмичкиот граодначлник нема намера да се откаже од кандидатурата и очекува другите двајца кандидати, Ивановски и Јовановски да се откажат од претседателската битка уште пред да почне конгресот.
Според партиски извори, Иановски е подготвен да се повлече во замена за местото Геренерален секретар, но Јовановски не се согласувал да биде премиер во сенка, па се уште нема инормации, како поминале преговорите со него. Имињата на функционерите кои ќе се борат за фотелјата на Црвенковски се очекува да бидат соопштени денеска. Не се ислкучува можноста, против Заев да оди Јовановски, а сигурен противкандидат му е и Кире Нуамов.Потоа, партијата треба да закажен Извршен одбор на кој ќе биде комплетирано социјалдемократското гласачко ливче кое на 2 јуни треба да се најде пред делгатите на Конгресот.

најчитано сега