Во Њујорк нова рунда разговори за грчко-македонскиот спор за името

Во Њујорк денеска околу 9 часот по локално време ќе почне средба посветена на спорот за името меѓу Македонија и Грција. Метју Нимиц заеднички ќе се сретне со македонскиот посредник, амбасадорот Зоран Јолевски, и грчкиот дипломат Адамантиос Василакис, а средбата се очекува да таре неколку часа.

Вчера во Њујорк веќе се одржа вообичаената одделна средба на Нимиц со Јолевски. Пратеникот Нимиц пред заедничките средби со Јолевски и Василакис вообичаено одржува одделни разговори со нив.На овие

Ова е прва средба во форматот во Њујорк по крајот на октомври. На овие разговори Нимиц не го криеше разочарувањето од исходот, и изјави дека меѓу двете страни остануваат големи разлики по прашањето за името.

26.03.2014 - 10:52
Фото: 
Кајгана

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега