Иванов во Ресен: Победата ќе биде заверка на она што заедно со Владата го сработивме досега

Македонија во Европа, Европа во Македонија. Ова ќе бидат моите настојувања во периодот што следи, но не по секоја цена, рече на вечерашниот митинг во Ресен кандидатот за претседател на Македонија на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“, Ѓорге Иванов.

- Во изминатиот мандат се залагав за промоција на Македонија. Остварив 450 средби со  претседатели во официјални и неформални посети во странство и 40 средби со шефови на држави, а примив и над 5.000 граѓани со кои разговарав и помогнав во рамките на моите надлежности, истакна Ѓорге Иванови пред ресенчани додаде дека Ресен од секогаш бил пример за мултиетнички соживот.

Тој порача дека неговата победа ќе биде заверка на она што заедно со Владата го имат сработно досега.

 

26.03.2014 - 09:18

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега