Си зборувале на мобилен и поминале на цевено - 10 сообраќајки во Скопје

Во текот на изминатото деноноќие во Скопје се случиле 10 сообраќајни несреќи. Во една од незгодите пешак се здобил со сериозни повреди.

Сообраќајната полиција во текот на вчерашниот ден откри и санкционира 27 возачи кои не го почитувале ограничувањето на брзината на движење, 15 возачи на мопеди и мотоцикли од кои осум возачи што не носеле заштитен шлем или кацига за време на движење со мопедот или мотоциклот, пет возачи кои немале возачка дозвола и двајца возачи кои ги возеле мотоциклите и мопедите со изминат рок на важноста на полисата за осигурување. Откриени и санкционирани се и девет возачи што поминале на црвено светло на крстосниците, четири возачи кои го користеле мобилниот телефон за време на управување на возилото и седум возачи кои се затекнати со изминат рок на сообраќајната дозвола.

За денеска има најава за вонреден настан.

26.03.2014 - 09:14

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега