Груевски: Бранко ни го нудеше Пендаровски за амбасадор во Брисел зaшто лично го заложил

Ние одбивме да поддржиме Стево Пендаровски кој беше легализатор на фалсификатот во 2004 година да стане амбасадор на Македонија, а камоли да поддржиме денес да стане претседател на Македонија.

Ова го истакна денеска Никола Груевски пред огромната толпа стружани, кои се собраа да му дадат поддршка на актуелниот претседател и кандидат на ВМРО-ДПМНЕ на претстојните избори за шеф на државата, Ѓорге Иванов.

Од предизборниот митинг на коалицијата предводена од ВМРО – ДПМНЕ вечерва во Струга претседателот на партијата и премиер Никола Груевски откри и малку познати информации во јавноста за врската меѓу екс претседателот Бранко Црвенковски и кандидатот на опозицијата Стево Пендарвоски.

Груевски потсети дека во 2007 година заедно со тогашниот шеф на дипломатијата Антонио Милошоски разговарале со Црвенковски за распределба на амбасадорските позиции меѓу владата и претседателот на државата.

Тогаш Црвенковски како дел од кохабитацискиот договор побара само две места во дипломатијата за него.

Првото барање се однесувало на Стево Пендаровски кој како што рекол Црвенковски многу го задолжил на лично ниво и затоа требало да оди во Брисел, и второто за екс премиерот Владо Бучковски кој требало да замине за амбасадор во Лондон.

Со тоа како што нагласи Груевски, Црвенковски директно признал дека тој има долг кон  тогашниот претседател на ДИК Пендаровски за верифицирањето на фалсификуваните избори за претседател во 2004.

Во неколку наврати предходно владеачката партија реагирала за потврдените нерегуларности на изборите на кои победи Црвенковски со потписот на сегашниот кандидат Стево Пендаровски.

25.03.2014 - 21:08

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега