Иванов од Струга: Младите се најзначајниот капитал на Македонија

Чест ми е да бидам вечерва во Струга во градот на мостовите, градот од каде започна духовната и културната преродба на Македонија. Големиот народен учител и преродбеник Димитар Миладинов на своите соборци, ученици и наследници им рекол: „Јас  го посеав семето а вие бидете живи да го пожнеете неговиот плод“. Денес сите ние се храниме од плодовите на преродбата што ги засадија Миалдинови.

Вака го започна својот говор актуелниот претседател и кандидат за втор мандат Ѓорге Иванов на митингот во Струга.

-Струшките браќа пред век и половина ги оцртаа границите на нашата духовна и културна татковина Македонија. Нашите современици пак во 1991 година ги одбележаа границите на суверена Република Македонија. Некогаш предизвикот беше ослободување на македонскиот народ од духовното ропство, денес ја имаме таа слобода а предизвикот е да градиме благосостојба за сите граѓани на Македонија, додаде тој.

Иванов потенцираше дека во изминатите пет години во соработка со Владата покажале дека знаат да работат со цели и проекти, да ги реализираат целите и да ги извршуваат проектите, дека тоа ги мотивира да продолжат понатаму. Резултатите се видливи, истакна тој и додаде дека ќе се продолжи да вложува во економијата, туризмот, земјоделството, индустријата, образованието.

-Имавме поставена стратешки цели, членство на Е.У. и НАТО. Напорно работев на нивно оствартување. Доказ за исполнувањето на нашата работа и исполнувањето на обврските се 5 позитивни извештаи и 5 препораки на Европската комисија за почеток на преговоритте за членство  на Македонија во унијата. Мандатот го посветив на отварање на нови хоризонти на Република Македонија, за македонската економија, образование, наука, култура, уметност, спорт, за младите, рече актуелниот претседател на Република Македонија од Струга.

Иванов истакна дека во целиот мандат се залагал за промоција на Македонија. Остварил средби со 450 претседатели, средби со министри, над 100 официјални и неформални посети во странство, бил домаќин на лидерски средби, а остварил и над 40 средби со шефови на држави. Додаде дека секој средба ја користел за остварување на нови можности за Македонија. Истовремено примил повеќе од 5000 граѓани, ги слушал и разговарал со нив и им помагал во рамкте на неговите надлежнсоти и дека тоа ќе биде негова практика и во иднина.

Иванов посочи дека како претседател на Република Македонија, имал одлична соработка со премиерот Груевски и со министрите, со пратениците и со одговорните луѓе на бројни државни институции. Меѓу другото, Иванов истакна дека заложбите за привлекување на странски инвестиции продолжуваат. Најави дека ќе се залага за отварање на нови хоризовнти економија, нови пазари за производи, нови можности и поволности, нови работни местасоздавање на подобар живот во цела Македонија. Најави и заложби за развивање на конгресниот, здравствениот, селскиот и зимскиот туризам во Струга. Најваи нови инвестиции во струшкиот регион и отварање на нови работни места.

Во своето излагање, го поздрави новиот македонски амбасадор на македонската музика, Даниел Кајмакоски.

- Струга е град на поезијата, во кој доаѓаат поети од цел свет. Сега од струга еден стружанец со песна ќе го освојува светот. Новиот музички херој на Македонија и Балканот е нашиот Данијел Кајмаковски, посочи Иванов.

Тој рече и дека младите се најзначајниот капитал на Македонија и дека инвестирањето во образованието на младите е основа за поконкурентна економија, подобар живот и посигурна иднина.

Тој нагласи и дека слободата се живее во соживот и отвореност.

-Струга е дел од повеќе етничкиот, повеќе религискиот и повеќе јазичмиот соживот во Република Македонија, соживотот е автентична македонска традиција наследена од предходните генерации но и политичка и институционална обврска  на оваа и на идните генерации. Ако претходната деценија беше денценија направа, втората деценија на права и обврски , законот мора да важи еднакво за сите независно од етничката, верската или која биило др припадност. Само така граѓаните можат да ја остваруваат слободата и да уживаат безбедноста за да работат и да имаат квалитетен живот, порача Иванов.

Се залагав брабев единството, соживотот, отвореноста, сите заедно не само една заедница. Струга е во темелот на Македонија, рече Иванов од говорницата во Струга.

25.03.2014 - 21:00

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега