Повеќе скопски населби утре без електрична енергија

Од регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје соопштуваат дека во текот на утрешниот ден 26.03.2014 без електрична енергија ќе останат корисниците од објектите кај пругата кај Кванташки Пазар, Гази Баба ( општина Гази Баба) во периодот од 09.00 до 11.00 часот. Во периодот од 09.00 до 14.00 часот, без електрична енергија ќе бидат дел од корисниците од село Арачиново ( општина Арачиново ), од 08.30 до 13.30 часот, дел од корисниците од бул. Јане Сандански 18, 20 и 22, како и од ул. Коста Новаковиќ ( општина Аеродром ), во периодот од 09.30 до 15.00 часот, дел од корисниците од ул. Ѓорче Петров од број 1 до број 10 (општина Ѓорче Петров ). Дел од корисниците на ул. Црногорска и ул. 6 во периодот од 09.00 до 15.00 часот ќе бидат без електрична енергија, додека пак во периодот од 15.00 до 17.00 часот, корисниците од село Бардовци, дел од улица 12 ( општина Ѓорче Петров ). Корисниците од улиците Индира Ганди, Вашингтонска и Нов Живот ( општина Шуто Оризари ) без електрична енергија ќе останат во периодот од 09.00 до 12.30 часот, дел од корисниците од улиците Индира Ганди, Вашингтонска и Нов Живот.

Во периодот од 09.00 до 14.00 часот, корисниците од Пат за Китка, и ул. Драчевска( општина Кисела Вода, Зелениково).

25.03.2014 - 12:57

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега