Неколку причини зошто жените не сакаат со тебе во кревет

 

Во ред, „сушата“ не е најлошо нешто што може да ни се случи, но може да биде многу фрустрирачка. Ако сте во таа ситуација, решението не е да се откажете од жените, да ги прогласите за кучки и да се фрлите на пиење. Наместо тоа, најдете го проблемот и пробајте да го поправите.

Кои се најчестите причини поради кои вашиот сексуален живот би можел да биде еднаков на нула? 

Имате превисоки стандарди

Сите ние во нашите кревети сакаме да ги имаме најзгодните топ модели, манекенки и глумици, додека сме под туш да ни пеат познатите пејачки, а за време на сексот да бидат порно актерки.

Но, да тргнеме од себе. Сите имаме некои недостатоци, не сме сите градени како Аполон, ниту симпатични како Бред Пит или Џорџ Клуни. Од тие причини нашите стандарди често не се реални, а ако на некоја ѝ се допаѓате, таа од некоја причина едноставно не е во вашата игра. Тоа не значи дека морате потполно да ги смалите стандардите на ниво каде што ќе срушите сè што мрда, но важно е да имате реално мислење за себе и своите можности.

Малку сте слабак

Можеби сте првилечни и интересни, но тоа не значи ништо ако имате страв да ѝ пријдете на девојката која ви се допаѓа. Се плашите од одбивање?

Секој вистински маж знае дека одбивањето е дел од играта. Не постои ниту еден голем заводник кој никогаш не бил одбиен, но од тоа секогаш нешто научил и само ја подобрил својата игра. Покажете дека сте храбри и тргнете во напад бидејќи ниту една згодна девојка нема да ви тропне на врата додека вие сте дома и играте видео игри.

Мислите дека знаете сè

Сте го собрале сиот ум од светот, најубави сте, најпаметни и сè сакате само себе. Баш заради тоа, единствена акција ви е „рачната“.

Спуштете се на земја, светот не се врти околу вас, доста е фалење и зборување дека сте најдобар. Обрнете внимание на девојките околу вас, слушајте ги и тоа ќе ви се исплати, можеби уште истата вечер.

Имате проблеми со хигиената

Поголемиот дел од девојките немаат преголеми очекувања, не гледаат дали сте облечени по најнова мода, дали имате огромна куќа или скап автомобил. Доволно им е да сте уредни, свежи и да внимавате на одредени детали.

Ако по некоја случајност жените бегаат од вас кога им пристапувате или успевате да ги “нокаутирате” со својот здив во текот на првиот изговорен збор, заборавете на добро женско друшство. Секогаш бидете свежи и уредни, бидејќи во спротивно, разговорот ќе заврши уште пред да започне.

Премногу добро иде комарот…

 

Кој има среќа во комарот, нема во љубовта… Дефинитивно ова е најдоброто оправдување за сушниот период.

Извор: Тhe Men

25.03.2014 - 11:36

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега