Груевски: Ќе продолжиме со реформи и отворање нови работни места
Ќе продолжиме со поддршката на Ѓорге Иванов и кон новите заеднички цели, Македонија да продолжи да чекори и да ги оствари европските и евроатлантските интеграции, со почитување на државните и националните интереси, принципиелно и одговорно и со почитување на волјата на народот, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер Никола Груевски на вечерашниот централен митинг во Охрид.
- Да продолжиме да ја намалуваме невработеноста, да се вработуваат граѓаните, да се инвестира во капитални добра кои ја помагаат економијата, но имаат и голема и широка корист за народот од секоја нација и од секоја вера. Да продолжиме да чекориме по патот на успехот, мудро, достоинствено и со многу работа, истакна Груевски.
Големината на Македонија, потенцира, не лежи во нејзината тероторија и границите кои ја оцртуваат, туку во нејзините луѓе, длабоко во нашите корени, во секој од нас, во традицијата, соживотот што го градиме со векови, во вредностите на нашите градови и села.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа