Груевски: Пендаровски сака да ги врати методите на неговиот ментор Црвенковски

 

Пендаровски сака да ја придобие довербата на нaродот и да ги врати методите на неговиот ментор, неговиот шеф и идол, Бранко Црвенковски, изјави вечерва на воведниот митинг во Охрид пред повеќе од 50.000 граѓани лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски.

Груевски нагласи дека на Македонија не и треба нов Бранко или негов советник, “нов сплеткарош, манипулант и човек со ставови исти како оние на Црвенковски“.

-Кандидатот на Бранко нема да ја добие довербата на македонскиот народ и на мнозинството граѓани на Република Македонија, затоа што помина неговото време и не може со вакви подметнувања на негови пиони повторно да ги стави во залог за свои лични интереси, интересите на Македонија и народот во неа. Таа приказна повторно нема да помине, рече Груевски.

Тој потенцираше дека во овие пет години, граѓаните имаа можност да видат што е чесен човек за претседател, ама не само да дојде на позицијата како чесен, туку чесно и да го заврши доверениот мандат

-Не е лоша работа да се биде советник, но прашањето е какви совети си давал, а по постапките на неговиот шеф, видовме какви биле советите. Ако пак не е така, тој ќе се повлечеше од фунцијата советник или пак ќе се оградеше јавно. Не, спротивно на тоа исто како и Заев, тие се гордеат со ликот и делото на транзицискиот манипулант, рече Груевски. 

24.03.2014 - 21:58

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега