ВМРО-ДПМНЕ вечерва стартува со претседателската кампања во Охрид

 

ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За подобра Македонија“ вечерва со централен митинг во Охрид ја започнува кампањата за претседателските избори.

На митингот во Охрид, од каде што редовно ВМРО-ДПМНЕ ги стартува своите изборни активности, ќе биде претставен кандидатот за претседател, Ѓорге Иванов.

За време на кампањата за претседателските избори и скратената за пет дена за предвремените парламентарни избори, партијата ќе одржи повеќе митинзи, како и мали митинзи и средби со граѓаните од целата држава.

24.03.2014 - 16:40

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега