Исчезнатиот малезиски авион се урнал - не преживеал ниту еден патник

Летот МХ370 е изгубен и најверојатно никој од 239-те патници и членови на екипажот не преживеал.

Како што стои во соопштението на компанијата „Малезија ерлајнс“, сите докази до сега укажуваат на тоа дека авионот се урнал и дека за жал преживеани патници нема.

И премиерот на Малезија Наџиб Разак на брифинг со новинарите го потврдил истото. Според Разак според сателитските снимки последната позиција на авионот на „Малезија ерлајнз“ била западно од Перт.

- Со длабока тага заклучуваме дека летот MH370 заврши на југот од Океанот, рече премиерот кој не одговараше на новинарски прашања.

За потсетување, во авионот од кој нема ни трага ни глас повеќе од две недели, се превезуваа 239 патници.

 

24.03.2014 - 16:35

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега