Пензионерка прикрила приход од 1,5 милиони евра

 

Пензионерка од италијанскиот остров Сицилија, која поседувала 90 недвижни имоти, прикрила годишни приходи од речиси 1,5 милиони евра.

Како што соопштува Управата на финансиската полиција во провинцијата Катанија, се работи за жена на возраст од 70  години која по смртта на нејзиниот сопруг, локален бизнисмен, наследила повеќе куќи, станови, деловни простории, магацини, како и згради со архитектонско-историска вредност. Нејзиното име фигурирало на листата на крупни сопственици на недвижни имоти кои биле подложени на рутинска контрола. Таа  во нејзината даночна пријава навела дека прима месечна пензија од 500 евра, како и дека има дополнителни приходи од наемнини во износ од 150.000 евра годишно, но инспекторите утврдиле дека договорите за изнајмување на 29 имоти воопшто не биле регистрирани и таа ги прикривала парите добиени од наемнините. За останатите договори за наем постојат договори кои се регистрирани, но сумите за наемнини наведени во нив биле значително пониски од оние што ги плаќале закупците.

Поради ова финансиската полиција покренала обвинение против жената за затајување данок и за пријавување неточни податоци.

24.03.2014 - 13:03
Фото: 
портал.мк

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега