Од утре возиме поевтин бензин - дизелот со значително пониска цена

Бензините поевтинуваат за половина денар, дизелот за два денари по литар. Регулаторната комисија за енергетика ги објави новите малопродажни цени на нафтените деривати. Со тоа цената на литар ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 78 денари а литар ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе се точи за 79,50 денари. Малопродажнaта цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалува за 2 денари по литари ќе се продава за 66 денари додека малопродажната цена на Екстра лесно масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалува за 1,50 ден/лит и со тоа цената на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 55,00 ден/лит. Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намалува за 0,731 ден/кг, во однос на цената утврдена согласно Одлуката од 10.03.2014 година и со тоа цената на М-1 НС изнесува 40,195 ден/кг.

Со оваа Одлука се врши намалување на рафинериските и на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,29 %, односно за 1,93 % во однос на рафинериските и на малопродажните цени на нафтените деривати утврдени согласно Одлуката на Регулаторната комисија за енергетика на Република Македонија од 10.03.2014 година.

24.03.2014 - 12:26

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа