Одредете го полот на вашето бебе

Според некои теории, сосема е возможно, парот да влијае врз полот на бебето преку сексуалните односи и начинот на исхрана. Според ова, мајките кои сакаат син, би требало да посегнат по храна богата со калциум и натриум.

Научниците објаснуваат дека полот на детето се одредува во моментот на оплодувањето, бидејќи сперматозоидот носи или женски X, или машки Y хромозоми. Доколку јајце клетката се оплоди од женски сперматозоид, тогаш се зачнува девојче, и обратно.

Значи, за да добиете бебе со одреден пол, би можеле да си помогнете со сперматозоиди кои одговараат на посакуваниот пол, и да им го попречите патот на носителите на непосакуваните хромозоми.

Ако почесто водите љубов, очекувајте син
Машките сперматозоиди се ситни и подвижни, но не се така издржливи како женските, кои се бавни. Затоа и се случува следново: доколку бебето се зачне на два дена пред созревањето на јајце клетката, се добиваат девојчиња; а односот на самиот ден на овулацијата најчесто резултира со добивање на момчиња.

Британските доктори веруваат дека шансите за раѓање на момчиња се поголеми доколку жената подолг период не можела да остане бремена. До овој заклучок дошле така што добиле податоци од 5000 родители, од кои, 58% од жените на кои  им било потребно повеќе од една година да забременат, добиле момчиња.

Секоја наредна година помината во настојување да забремени, на жената и` ја зголемува можноста за раѓање на момче за 4%.

Исто така, докторите сметаат и дека родителите кои почесто имаат секс, можат да очекуваат син, а тие кои имаат секс нешто помалку – ќерка.

На жените кои посакуваат ќерка, им се препорачува сексуален однос два-три дена пред овулацијата. Ако им веруваме на научниците, тогаш прифаќаме дека храната значително влијае врз полот на бебето. Мајките кои сонуваат за момчиња, ќе јадат храна богата со калциум и натриум, а оние кои посакуваат девојчиња, ќе конзумираат храна богата со магнезиум и калциум.

Јајце клетката може да биде оплодена во рок од 36 часа, па врз основа на тоа, може да се определи полот на бебето. Ако се смета дека овулацијата настапува на 14тиот ден од циклусот, на жените кои посакуваат син, им се препорачува да се воздржуваат од полови односи на три до четири дена, што ќе ја зголеми концентрацијата и подвижноста на сперматозоидите. Во овој случај, зачнувањето би требало да се случи за време на овулацијата, или еден ден претходно.

На жените кои посакуваат ќерка, им се препорачуваат сексуални односи на два до три дена пред овулацијата, по кои, ќе треба да апстинираат. Издржливите сперматозоиди кои носат женски хромозоми, ќе ја оплодат јајце клетката, додека машките сперматозоиди ќе умрат во киселата средина.

Извор: Попара

24.03.2014 - 10:18

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега