„Кога облаците пукаат...“ на репертоарот на кино Милениум

Денеска во киното „Милениум“ во Скопје ќе се изврши проекција на филмот „Кога облаците пукаат...“ дело на Кумјана Новакова и Гиљермо Карерас-Канди.

Филмот пренесува еден мал дел од внатрешниот свет на лицата кои живеат со ХИВ и туберкулоза во Македонија.

Проекцијата е организирана од Канцеларијата на Светската здравствена организација во Скопје со поддршка на Министерството за здравство на Република Македонија. 

24.03.2014 - 09:31

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа