Силен семјотрес го погоди северозападниот брег на Чиле
Земјотрес со интензитет од 6 степени според Рихтеровата скала денеска го потресе северозападниот брег на Чиле.
Локалните власти соопштија дека земјотресот не предизвикал поголема материјална штета, ниту е издадена опасност за цунами.
Потресот бил на длабочина од 35 километри под нивото на морето, со епицентар на 87 километри од местот Икуикуе.
На чилеанскиот брег на 17 март, исто така, беше регистриран потрес со јачина од 6,7 степени според Рихтеровата скала, кога заради превенција беа евакуирани повеќе од 100.000 лица.
Чиле се наоѓа на едно од сеизмички најактивните подрачја во светот.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа