Подгответе се за невреме!

 

Времето ќе биде претежно променливо облачно со сончеви периоди и со повремени локални врнежи од дожд, на планините од снег, а на некои повисоки места во западните делови од дожд и снег.

Наместа врнежите ќе бидат пообилни особено во крајните западни и североисточни делови на земјава.

Локално е можна појава на краткотрајно невреме проследено со пороен дожд, силен ветер, нагло опаѓање на температурата и ретки грмежи, а не е исклучна ниту појава на град. Ќе дува умерен, а повремено и силен јужен ветер, кој околу пладне и попладне повремено ќе достигнува брзина до околу 70 километри на час.

Температурата ќе се движи од седум до 23 степени. Во Скопје и околината слично време со температура до 20 степени.

Во наредните денови ќе преовладува променливо облачно и посвежо време со повремени локални врнежи од дожд.

24.03.2014 - 09:01

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега