Заев ветил оставка ако ги загуби изборите

Лидерот на СДСМ ја ветил својата оставка доколку неговата партија ги загуби изборите, пишува Дневник во утрешниот број. Одлуката на раководството да побегне од соочувањето со граѓаните ги револтирало членовите на Централниот одбор на СДСМ. Повеќемина од нив, како што пишува Дневник, сметале дека таквиот концепт е еднаков на самоубиство, поради што, Заев видно налутен заминал од состанокот за набргу да се врати и да ја смири атмосферата нудејќи ја својата оставка доколку неговата партија ги загуби изборите.
Токму поради ова доцнеше и стартот на Конгресот. Иако беше закажан во 14 часот, Конгресот почна скоро два часа подоцна.

23.03.2014 - 21:34

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа