Кире Наумов го одложи кафето со противкандидатите
Кире Наумов, кандидатот за лидер на СДСМ се одлучи да ја одложи средбата со останатите кандидати за претседател на оваа партија.
Оваа одлука доаѓа откако денеска не беше решено кој од тројцата конкуренти Заев, Јовановски и Ивановски ќе трча на изборите во јуни.
- „Најдоцна до утре 21.06.2013 ќе се состане кандидационата комисија и воедно ќе се утврди и конечниот број на кандидати за претседател на СДСМ. Со тоа уште еднаш се одлага и почетокот на претставувањето согласно роковникот донесен од страна на Централниот одбор на СДСМ. Неформалната средба на која ги повикав останатите кандидати ја одлагам по конечната одлука на кандидационата комисија“, соопшти Наумов.