ВИДЕО: Како од пеколот- вака изгледа местото на кое се трага по исчезнатиот авион

Јужниот дел на Индискиот океан е местото на кое се трага исчезнатиот малезиски авион, ова место е едно од навознемирувачките места ан светот.Многу малку луѓе живееат тука, а временските услови се неповолни дури и многу бродови одбегнуваат да пловат на ова подрачје.

Токму во тој дел на индискиот океан сателитите забележале можни остатоци од боингот кој му се изгуби трагата на 8. март со 239 патници.

Морската струја тука е  многу силна и ако би имале некакви остатоци водата ги носи со голема брзина.  На Јутјуб е објавена потрагата и се гледаат таласи што на бродовите кои денеска тргнаа во потрага по авионот.

Според последните информации Француски сателит на подрачјето на Индискиот океан забележа предмети кои би можеле да бидат делови од исчезнатиот авион а медиумите објавија дека станува збор за дрвени палети и појаси.

 

 

23.03.2014 - 15:37

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега