Скандал на Централниот одбор на СДСМ - се бара оставка од Заев
Стартот на Конгресот на СДСМ доцни веќе еден час поради како што дознаваме од високи извори во партијата, скандалот кој се случува на централниот одбор.
Членови на Централниот одбор за Пресс24 велат дека Заев е "линчуван" од своите сопартијци поради составот на кандидатските листи и неговата одлука тој да не биде носител.
Дел од членовите на ова високо партиско тело побарале тој веднаш да си поднесе неотповиклива оставка и тоа не само од претседател на партијата туку и од градоначалник на Струмица, со оглед на тоа што се одлучил да избега од соочување со граѓаните. во моментот и дел од членовите на централниот одбор кои се номинирани на кандидатските листи за пратеници, му соопштиле дека бараат веднаш да бидат избришани бидејќи не ја прифаќаат кандидатурата.
Стартот на Конгресот останува неизвесен.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа