Иванов: Ќе продолжам со напорите за интегрирање на Македонија во ЕУ и НАТО

 

Ѓорѓе Иванов, актуелниот претседател на Македонија кој е во трка за втор претседателски мандат, денеска ја претстави својата програма.

Иванов пред присутните истакна дека како претседател ќе продолжи и понатаму со напорите за интегрирање на Македонија во ЕУ и НАТО, истакнувајќи дека Македонија е одговорна држава која сериозно ги сфаќа обврските.

-Силата на Македонија е во нејзината отвореност и поврзаност, водиме политика која дава резултати, создаваме нови партнерства. Македонија е кандидат за влез во НАТО и ЕУ и подготвена е за соработка. Продолжувам со отворена политика на глобално и европско ниво. На блокадите од јужниот сосед одговараме со подготвеност за дијалог, водени од државните интереси и универзални принципи на правото. Македонија се потпира на силата на аргументите, на меѓународните човекови права и човечко достоинство. Прифаќаме конструктивни совети од партнерите, но никој не знае подобро од нас што е најдобро за нас. Додека се движиме кон членство во ЕУ, решени сме сами да ја создадеме Европската унија во Македонија, заклучи Иванов.

 

23.03.2014 - 14:15
Фото: 
курир

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега