Дензел Вашингтон и помогна на Арета Френклин да го прослави својот 72 роденден

Дензел Вашингтон и помогна на славната пејачка Арета Френклин да го прослави својот 72. роденден во голем стил.

„Кралицата на соулот“ поповод својот роденден, кој се се паѓа во вторник на 26 март, одржа мала свеченост вчера во Њујорк на која присустуваше и познатиот актер.

Само неколку часа претходно Арета го гледала на сцената на Бродвеј, во претставата „A Raisin In the Sun“.

Пејачката, која пред три години е оперирана од рак на панкреасот, најави дека подготвува нов материјал, а дека во тоа и помага раперот Андре 3000 и пејачот и текстописецот Бејбифејс.

Арета Френклин, која се прослави со хитовите како „Respect“ и „Chain Of Fools“ примена е во 2012 година во Госпел куќата на славните. 

23.03.2014 - 13:56

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега