Пророштвото на Тесла: Мажите ќе бидат бескорисни- жените ќе владеат со светот

Познато е дека Никола Тесла одлучил да остане неженет, во тој момент се појавиле голем број луѓе кои сакале да дознаат зошто овој генијалец се одлучил за живот без жена.

 

Новинарите од „Galvestion Daily News“ во 1924 година го прашале дали неговата интелигенција открила некои фатални недостатоци во институцијата брак, кои не се очигледни за „обичниот човек“ а Тесла на ова одгворил дека никогаш нема да се ожени.

„Отсекогаш верував дека жената поседува деликатни и суптилни квалитети на умот и на душата, која поради тие аспекти е подобра и посупериорна од мажите. Ја ставав жената на пиедестал, и во тие карактеристики ја ценев далеку повеќе од мажите. И' се воодушевував на ова суштество кое го дигнав толку високо, и како вистински обожавател, се чувствував недоволно вредно за предметот на сопственото обожување“.

„Но, сето тоа е минато. Сега, оваа жена, нежниот глас кој го обожавав исчезна. На нејзино место дојде жена која мисли дека главниот успех во животот е да биде повеќе како мажот - во облекување, однесување, во спортот и достигнувањата од било кој вид“,вели тој.

Тесла изјавил дека жените, стануваат посилни од мажите, и физички и ментално. Светот искусил многу трагедии, но според мене, најголемата трагедија од сите е актуелната економска ситуација на жените против мажите, и во многу случаи тие успеваат да го узурпираат нивното место и во професиите и во индустријата. Оваа растечка тенденција на жените да ја засенат машкоста е знак на цивилизација во пропаѓање“.

„Скоро сите големи достигнувања на човекот досега беа инспирирани од љубовта и посветеноста кон жените. Мажот тежнееше по големи работи само затоа што некоја жена верувала во него, затоа што сакал да го освои нејзиниот восхит и нејзината почит. Од овие причини тој се борел за неа и го ризикувал својот живот повторно и повторно“.

 

 Во текот на интервјуто Тесла претскажува свет со мрачна иднина поради новосоздадената положба на жените.

„Изгледа мажот во човечкото општество стана бескористен. Нашата цивилизација ќе потони во една состојба која се гледа како пчела, мраква и други инсекти - состојба во која мажот сурово убива. Во овој материјален свет ќе биде воспоставено владеењето на жените. Како што жените ќе ја преземаат доминацијата, така мажите ќе се најдат во нејзината милост и немилост“.

Сепак, Тесла заклучува дека жените во оваа ситуација не се многу среќни.

„Ми се чини дека и самите жени не се претерано среќни во оваа новосоздадена слобода. Прашањето кое природно се појавува е тоа дали жените се победници или губитници. Не го гледам ова прашање само од машка страна, туку размислувам и од женска страна. Исчезна задоволството од животот на жените. Жената е амбициозна во намерата да го добие она што го сака, а тоа често ги надминува нејзините способности. Тие често забораваат дека не може сите жени да бидат примадони и филмски ѕвезди“, завршува Тесла.

23.03.2014 - 13:12

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега