Пет лица загинаа при уривање на авион во Австралија

Пилот и четворица падобранци загинаа денеска, кога мал авион „Цесна 206“ се урна и изгоре при полетување на аеродромот во Кабулчар на источното крајбрежје на Австралија.

Како што соопшти полицијата во авионот имало пет лица и сите загинале, соопшти полицијата на државата Квинсленд.

Во моментов аеродромот е затворен, додека полицијата го расветлува случајот.

 

 

22.03.2014 - 10:54

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега