Костумите на Битлси ставени на аукција - еве за колку пари се продадени
Костумите на групата Битлси, кои датираат уште од 1965 година, на Џорџ харисон и Ринго Стар, кои ги носеле во филмот „Help“ беа продадени на аукција во Ливерпул за неверојатна цена од 115.000 британски фунти.
На ваквата аукција беше продадено и пијаното „Бекштајн“ од 1907 година, на кое Пол Макартни и Џон Ленон ги компонирале песните „Help“ и „Yesterday“, е продадено за 57.000 фунти.
КОстумите и пијаното ги продал Ричард Лестер (82), кој ги режираше филмовите „Help“ и „A Hard Day's Night“, a купувач е анонимен колекционер од Јужна Америка.
Од аукцијата во последен момент се повлечени еден костум и оригинални записи на текстови на песните на „Битлси“, затоа што Макартни ја оспори сопственоста над тие предмети.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа