Шерил Кол: Бев толку болна, што во еден момент ми рекоа дека ми останале уште 24 часа живот
Шерил Кол во 2009 година во рамките на хуманитарната акција Comic Relief, чија цел беше поткревање на свеста за превенција на заболените од маларија, планинарела по Килиманџаро. Тоа е, како што рече, нешто најтешко што дотогаш го направила.
Една година подоцна, Шерил и самата заболе од маларија.
- Ниту во еден момент не помислив дека после една година и јас ќе добијам маларија. Бев толку многу болна, што во еден момент ми рекоа дека ми останале уште 24 часа живот, изјави пејачката.
- Беше тоа најстрашната работа која можете да ја замислите, за мене и за моето семејство, раскажа Шерил.
- Болката низ која што поминав, тоа многу луѓе го доживуваат и сето тоа затоа што немаат мрежичка за комарци која би им го спасила животот.
Во 2009 година, раскажа Кол, годишно умирале милиони деца од маларија, а минатата година, црната бројка се намали за 150.000.
- Тоа се 150.000 спасени живот, а тоа значи дека ја победуваме маларијата, вели пејачката која и понатаму е ангажирана околу истата хуманитарна работа поради која се искачуваше по Килиманџаро пред пет години.
- Одлучив повторно за тоа да зборувам, затоа што тоа го поминав и сакам луѓето да знаат дека превенцијата е едноставна, рече Черил.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа