Европа стравува од нов финансиски колапс
Европските банки ќе бидат подложени на стрес тестови со цел да се утврди отпорноста на финансискиот сектор од појава на нова финансиска криза.
Првиот човек на Банкарската федерација на Германија Јурген Фишен, посочи дека дел од банките кои ќе поминат на тестовите не значи и по автоматизам дека ќе имаат иднина. Резултатите од тестот не се гаранција за успешното преживување на банките.
Оние што ќе го минат тестот, значи дека ќе имаат сила само за да преживеат.
Ваквите тестови ќе почнат да се спроведуваат во мај, а резултатите ќе се знаат во октомври. Целта е да се утври отпорноста на банките од негативните шкови, слични на оние по колапсот на американската банка Леман Брадерс во 2008 година.
- Не верувам дека сите банки што денес постојат во Европа ќе преживеат на долг рок. Потрагата за успешен модел останува голем предизвик со оглед на ниските каматни стапки и новите прописи и даноци - рече Фишен.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа