Летале шишиња на сите страни - скопјанец дивеел во казино

 

Скопјанец влегол во казиното Сенатор на булеварот Јане Сандански, збеснал и го демолирал. Според податоците од полицјата, 41-годишниот В.Ш. кој имал забрана за играње на автоматите и електронските рулети, влегол во казиното, почнал да го навредува обезбедувањето, вработените како и гостите кои во момнетот се нашле внатре.

Настанот кулминирал кога бесниот скопјанец започнал да фрла со шишиња и чаши на шанкот кон вработената, при што веднаш била повикана полиција.

21.03.2014 - 11:25

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега