„Фич“ го потврди стабилниот рејтинг на Македонија
Агенцијата за кредитен рејтинг „Фич" го потврди рејтингот на Македонија „ББ+". Како што јавува Нетпрес, Фич нотира дека реалниот пораст на бруто домашниот производ од 3,1 отсто бил воден од градежниот сектор, кој зафаќа 50 отсто од растот на БДП, а се очекува растот да го зголеми интензитетот во 2014 и 2015 година, на 3,2 односно на 3,5 отсто.
И понатаму се очекува странските инвестиции во земјава да овозможуваат повисока стапка на раст, а невработеноста останува на ниво од околу 29 отсто.
Дефицитот на централната власт, како што стои во извештајот на „Фич", остана непроменет во 2013-та во споредба со претходната година, односно на четири отсто од вредноста на БДП. Владата ќе продолжи со фискалното стимулирање и во текот на оваа година, пред се' преку социјалните трансфери и инвестициите во големи инфраструктурни проекти. Овие проекти наидуваат на голема поддршка од страна на меѓународните финансиски институции.
Како што пренесува Нетпрес, бруто долгот на владата се очекува да забележи скромно зголемување од околу 36 отсто оваа и еден процентен поен повеќе во текот на 2015-та година.
Според актуелните анкети, како што истакнува „Фич", владејачката ВМРО-ДПМНЕ најверојатно повторно ќе освои мнозинство во парламентот на претстојните избори кои што треба да се одржат во април, а исто така нема да има значителен напредок кон членството во НАТО и Европската унија, прес се поради грчко-македонскиот спор за името.
Нето надворешниот долг на земјата и понатаму ќе се движи во границите на околу 15 отсто, а банкарскиот сектор, како што истакнува „Фич" е добро капитализиран со 14,4 отсто адекватност на капиталот. Нефункционалните кредити заземаат 10,9 отсто, но нема потреба да паника бидејќи истите во целост се покриени со резерви.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа