Седум кинески бродови трагаат по исчезнатиот малезиски авион
Седум кинески бродови се упатија денеска во јужниот дел од Индискиот Океан за да се придружат во меѓународната потрага по делови од исчезнатиот малезиски авион кои се оквалификувани како „најдобра трага“ досега.
Малезиски авион со 239 патници и членови на екипажот, исчезна од цивилниот радар на 8 март набрзо по полетувањето од Куала Лумпур кон Пекинг и оттогаш се губи трага. Во авионот имало најмногу кинески државјани – 153.
Австралиските власти во меѓувреме соопштија дека над Индискиот Океан враќаат пет авиони со цел продолжување на потрагата во областа оддалечена околу 2.500 км. југозападно од Перт. Потрагата почна вчера кога на сателитски снимки се забележани два големи објекта, можни остатоци од исчезнат авион. Еден од објектите е долг 24 метри, а другиот – пет метри.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа