Заев против Груевски во Скопје за Шеќеринска нема место - ова се носителите на листите на СДСМ

 

Зоран Заев ќе ја предводи листата на СДСМ во првата изборна единица. Тој во Скопје ќе му се спротвистави на премиерот Никола Груевски, пишува Дневник повикувајќи се на неофицијални информации. Весникот пишува деква во двојката, носител на листитата на СДСМ ќе биде партискиот генерален секретар Оливер Спасовски, додека за тројката се подготвува, Марјанчо Николов. Хари Локвенец, според информациите на Дневник најверојатно ќе биде носител на листата на СДСМ во четвртата изборна единица иако за таму, Заев се мислел да ја стави и поранешната новинарка на Велија Рамковски Ленче Николовска. За во петтата изборна единица адут на СДСМ ќе биде потпретседателот на партијата, Александар Кирацовски, додека шестката во тетовскиот регион, би требало да ја предводи Миле Зечевиќ. 
Од ваквиот распоред на листите станува извесно дека по неколкуте афери, Шеќеринска остана без носителско место но сигурно ќе се најде на некое од добитните во првата изборна единица. 
Пресс24 веќе објави дека голем дел од актуелните пратеници, особено оние блиски до Црвенковски воопшто нема да добијат место меѓу кандидатите на СДСМ за пратеници. 
Конгресот на СДСМ на кој треба да се официјализираат листите е закажан за во недела

21.03.2014 - 00:31

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега