Задолжителна идентификацијата на миленичињата со микрочип од идниот месец

 

Од идниот месец ќе биде задолжително идентификувањето на миленичињата со микрочип. Согласно  Правилникот донесен во јануари годинава, за бездомните животни оваа обрвска ја презмаат стационарите.

Како што соопшти Агенцијата за храна и ветеринарство, идентификацијата ќе ја спроведуваат овластени ветеринарни друштва. Со неа ќе бидат опфатени кучиња и мачки. Сопствениците се должни да ги идентификуваат миленичињата максимум шест месеци од нивното раѓање.

- За оние што нема да ја реализираат обврската, според Законот, предвидени се глоби, до 1.000 евра за правно и 80 евра за физичко лице. Но, интенцијата не е да се казнува, туку да се зголеми свеста за идентификација која ќе овозможи квалитетна здравствена заштита. Оттука, при евидентирање случај на неидентификуван миленик, најпрво ќе се пристапи кон советување и едукација, велат од Агенцијата.

- Со измените на Законот за благосостојба на животните кои се во процедура, предвидено е формирање регистар на вдомени животни, како и регистар на опасни кучиња. Точно ќе се знае кој е сопственикот, дали животното е вакцинирано и кога. Ќе се воведе и инструмент за проценка на социјализацијата на кучињата, рече заменик директорот на Агенцијата Абдулезел Догани по денешната работилница.

Во Скопје месечно се заловуваат 200 до 250 кучиња скитници или околу 2.500 годишно. Сите се прегледуваат и задолжително се вакцинираат против беснило. Од нив се вдомуваат 15 до 20 отсто. Стационари освен во Скопје, има и во Куманово, Велес, Виница, Неготино и Делчево.

 

најчитано сега