Русија во контра напад - санкции за деветмина американски функционери
Русија денеска експресно возврати и воведе соодветни санкции против неколкумина американски претставници, веднаш откако американскиот претседател Барак Обама ги прогласи новите санкциите кон една руска банка и 20 физички лица.
На девет американски конгресмени, сенатори и чиновници им се забранува да влегуваат на руска територија.
Санкции, меѓу останатите, се воведени и кон Хари Рид, лидерот на демократите во Сенатот, Џон Бејнер, лидер на републиканците во Претставничкиот дом, Бенџамин Роуд, висок советник на Барак Обама, Роберт Менендес, претседател на сенатската Комисија за надворешни работи, Џон Маккејн, поранешен претседателски кандидат и Керолајн Аткинсон, заменик советник за национална безбедност на Обама.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа