ВИДЕО: Дали е ова најхрабриот човек на планетата? - како би реагирале да сте опколени со десетина тигри?

 

Малкумина имаат слушнато за Паркот во Кина, Харбин, еден од најголемите природни резервати каде што живеат сибирските тигри. Овој тип на животни се заведени како загрозен вид, но тие на ова место имаат релативно нормален живот, како и останатите кои се наоѓаат во дивината.  

Посетителите на паркот можат покрај сибирските тигри, да видат и други видови на животни, како што белите тигри, рисовите, леопарди и многу др.

Туристите имаат навика да поминуваат со автомобили и да се обидат да ги нахранат, но се принудени да останат во автомобилот. Сите се свесни за опасноста. Откако ќе ја отворат врата, тигрите како што може да се види на видеото се наоѓаат од само два метри оддалеченост од нив, но за среќа тие се премногу навиканти на луѓето за да ги нападнат. Нивното внимание овој пат беше насочено кон суровата храна. Еден од нив дури се обиде во скок од неколку метри да ја фати птицата која му беше буквално сервирана. 

 

 

20.03.2014 - 18:39

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега