Обама го потпиша указот за новите санкции кон Русија

 

Американскиот претседател Барак Обама денеска го потпиша указот за воведување на санкции кон Русија, кој ќе ги погоди 20 руски пратеници, некои поединци надвор од извршната власт, како и Банката на Русија, која, како што навести Обама, им овозможува материјална поддршка на руското раководство. 

Се работи за Централната банка на Руската Федерација со 10 милијарди долари средства.

„Русија мора да знае дека понатамошната ескалација уште повеќе ќе ја изолира од меѓународната заедница“, изјави Обама во Белата Куќа. 

 

 

20.03.2014 - 18:23

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега